Неповратно се изгубени документи кои доаѓаа од 14 различни истражувачки институции.

Суперкомпјутерите главно се користат за истражувачки цели, како и за комплицирани пресметки и моделирање. Универзитетот Кјото во Јапонија го поседува еден од овие суперкомпјутери.

Сепак, научниците и истражувачите кои го користеле суперкомпјутерот за своите истражувања немаат пофални зборови за него.

Поради неочекувана грешка во текот на работата, суперкомпјутерот Fugaku избриша милиони документи од својата база на податоци. Според наводите, неповратно се изгубени околу 34 милиони документи, со вкупна тежина од околу 77 терабајти (ТБ).

Во своето официјално соопштение, универзитетот истакна дека не е прецизно идентификувано што е причината за оваа грешка и проблем, како и кои документи се конкретно избришани.

Она што е познато е дека исчезнатите документи потекнуваат од 14 различни истражувачки институции, а голем дел од документите се неповратно изгубени.

Суперкомпјутерот Fugaku, кој ги избриша податоците, беше претставен минатата година и беше најавен како најбрз суперкомпјутер и се користеше за истражувачки цели за време на пандемијата на Ковид-19.