Група швајцарски научници пронајдоа нов дел од човечкото тело. Ова е трет слој на мускулот на долната вилица кој досега не е забележан.
Може да се забележи кога се стегаат забите и се ставаат прстите на образот, а неопходен е за џвакање на храната. Овој слој на мускул е откриен со истражување објавено во научното списание Annals of Anatomy.
Засега не бил идентификуван, односно не е разгледувано дали воопшто постои трет слој на масетерскиот мускул.
Во студијата биле користени 12 глави од трупови, човечки тела, кои биле складирани во формалдехид, а кои потоа биле расчленети. Со CT скенирање се прегледани 16 лешеви на луѓе. Освен тоа, главата на жива личност била прегледана со магнетна резонанца.
Откритието било неверојатно за истражувачите. Според еден од истражувачите, професор на Универзитетот во Базел, Јенс Кристоф, тие го доживеале ова како откривање на сосема нов животински вид. Според др. Силвија Мезеј, која го водеше истражувањето, овој дел од мускулот веројатно ја стабилизира долната вилица и и овозможува да се може да се враќа кон увото.
Ова откритие е показател за тоа колку човекот не ја познава анатомијата, пишува Jerusalem Post.
Поврзани артикли