Белгиската истражувачка станица на Антарктикот беше погодена од пандемијата Ковид-19, иако сите работници се целосно вакцинирани и живеат во едно од најоддалечените места во светот.
Од 14 декември, најмалку 16 вработени во поларната станица биле заразени, пишуваат светските медиуми.
Официјалните лица велат дека сите имале благи симптоми.
„Ситуацијата не е драматична. Незгодно е кога имате дел од персоналот во карантин, но тоа не влијаеше значително на функционирањето на станицата“, изјави Џозеф Чик, директор на Меѓународната поларна фондација.
Првиот случај е регистриран на 14 декември, а се работи за член на тимот кој пристигнал седум дена порано.
Веднаш бил ставен во карантин, но вирусот продолжил да се шири.
Поврзани артикли