Новото име за лепезата на безбедносни системи на Toyota и напредните системи за помош на возачот, патниците и останатите чинители во сообраќајот (ADAS) укажува на придобивките од технологијата на поличен начин, претставувајќи ги како постојан партнер на возачот
Пристапот на Toyota за примена на највисоките безбедносни стандарди во своите возила и постојано изнаоѓање начини за користење на нови технологии за да се избегнат несреќи и да се подобри заштитата на возачите, патниците и другите учесници во сообраќајот, е основата за нова генерација на напредни системи за помош на возачот (Advanced Driver Assistance Systems – ADAS) кои имаат се полемена улога во зголемувањето на безбедноста при возење.
Заедно со проширувањето на полето на безбедноста, Toyota го воведува Toyota T-Mate, заеднички именител за сите безбедносни и ADAS системи кои опфаќаат широк опсег на ситуации при возење, од прецизно паркирање до возење по градските улици и автопатишта.
Системот за детекција на судир сега нуди, за прв пат, функција за блокада на забрзување при мали брзини (Acceleration Suppression), асистенција при возење низ раскрсници (Intersection Cut-In Traffic Assist), како и напредни функции за откривање сообраќај од спротивната страна (Oncoming Traffic Detection) и помош при вртење во свиоци (Intersection Turn Assist).
Од останатите функции на Toyota Safety Sense тука се и системот за итно запирање EDSS (Emergency Driving Stop System) и системот OTA (Over The Air) за ажурирање на функциите и додавање нови во текот на животниот век на моделот.
Извор: Додај Гас
Поврзани артикли