Компанијата Youbionic со помош на 3Д принтер разви ракавица која што на една човечка рака ѝ додава две шаки, пренесува Gizmodo.

Очигледно е дека овој проект не е насочен кон развој на протетиката, колку што всушност е посветен кон зголемување на можноста на една здрава рака со користење на ракавицата.

Имено, оваа вештачка ракавица на Youbionic нуди низа на можности, како на пример „побрзо пишување на тастатура, играње на видео игри или носење на повеќе пива во двете, односно четирите раце“, пишува Gizmodo.

Оваа роботска рака моментално е ограничена на основните позиции, отворена и затворена шака, чии што движења се контролираат со прстите. Материјалот од кој што е изработена ракавицата е пластика, затоа што сепак станува збор за полесен материјал од металот.

Цената на една ваква ракавица изнесува 2,100 долари.

Ова не е прв пат да се развиваат вакви механички „раце“. Неодамна беше претставена и роботска „трета рака“ наменета за тапанарите, која што може да удира по тапанот по одреден ритам.

Извор: Zimo.hr