Amazon го ажурираше својот гласовен асистент Alexa, откако му предложи на 10-годишно девојче да допре приклучок за струја со монета. Ова се случило откако девојчето побарало од Alexa „предизвик“ за да го направи.
„Приклучете го полначот за телефон на половина во ѕиден штекер, а потоа допрете монета на откриените делови“, предложил паметниот асистент. Сепак, девојчето било свесно за потенцијалната штета од овој предизвик и одбило да го направи. Нејзината мајка, пак, реши да раскаже за случајот на Twitter.
Од Amazon потоа соопштија дека ја поправиле грешката веднаш штом компанијата дознала за неа.
Опасната активност, позната како „предизвикот со монетата“, почна да циркулира на TikTok и другите веб-страници на социјалните медиуми пред околу една година.
OMFG My 10 year old just asked Alexa on our Echo for a challenge and this is what she said. pic.twitter.com/HgGgrLbdS8
— Kristin Livdahl (@klivdahl) December 26, 2021
Металите спроведуваат струја и нивното вметнување во електрични приклучоци може да предизвика електричен удар, пожар и друга штета. Против т.н. предизвик се изјаснија и противпожарните службеници во САД.
Од Amazon изјавија за BBC дека ја ажурирале Alexa за да спречат асистентот да препорача таква активност во иднина.
„Довербата на клиентите е во центарот на сè што правиме и Alexa е дизајнирана да обезбедува точни, релевантни и корисни информации за клиентите“, се вели во соопштението на Амазон.
„Штом дознавме за оваа грешка, презедовме брза акција за да ја поправиме“, додаваат од компанијата.
Поврзани артикли