Британската технолошка компанија OneWeb лансираше 36 комуникациски сателити во вселената од космодромот Бајконур во Казахстан.

Британската компанија лансираше сателити во орбитата како дел од плановите за глобален пристап до брз интернет.

„Ова е последно во серијата од осум лансирања планирани за оваа година од OneWeb со своите партнери Ariana Space“, се вели во соопштението на OneWeb.

Претходно оваа година OneWeb објави дека лансирањето на сателити од далечниот исток на Русија ќе овозможи побрзо поврзување насекаде на северната хемисфера.

OneWeb наведе дека Велика Британија, Алјаска, Северна Европа, Гренланд, Исланд, континенталните САД, Арктичкото Море и Канада треба да имаат целосна врска со брз интернет.

Руската новинска агенција Интерфакс објави дека сателитите лансирани од ракетата Сојуз ќе бидат раздвоени во фази.

Извор: N1info.com