Глобалната верзија на „Steam“ е забранета во Кина, пренесува „The Gamer“.
Глобалниот „Steam“ има над 110.000 игри, но корисниците во Кина воопшто не можат да го користат.
Во моментов има само кинеска верзија на „Steam“ која има само 103 игри на неа.
Рики Овенс, попознат во гејмерските кругови како „FireMonkey“, беше првиот што ја забележа забраната на „Steam“ во Кина и објави принт-скрин на неговиот профил на Твитер што покажува дека „Steam“ е уште една во низата работи забранети онлајн во Кина.
The website domain for Steam has been blocked in China ~8 hours ago. pic.twitter.com/sBQkHQ6eWS
— ? Santa Ricky (@_FireMonkey) December 25, 2021
Кога ќе се обидете да го проверите преку „Comparitech“ и ќе напишете „store.steampowered.com“, ви кажува дека „Steam“ е блокиран насекаде во Кина. Кинескиот „Steam“ излезе во февруари оваа година и сега можат само него да го користат.