Научниците развија нов лунарен ровер кој може да лебди на Месечината или некое тело што е без атмосфера како што се астериодите. Оваа чинија тие велат дека во иднина би можела да биде искористена за спас од ваквите небесни тела.
Таа може да левитира така што ќе го користи природниот набој на Месечината. Роверот функционира така што ја користи предноста на електричното поле кое се создава на Месечината и другите небесни тела кои што се без атмосфера, како што се астероидите.
Тим од воздухопловни инженери од МИТ, велат дека, електричното поле се создава со директното изложување на површината на сончевото зрачење. Ова се случува поради недостигот на атмосферата.
На Месечината површинскиот набој е доволно силен за да може да се левитира со речиси еден метар над земјата, слично како што од статичкиот електрицитет се подига косата на главата.
Роверот има облик на диск и користи ситни јонски зраци за полнење на возилата и зголемување на природното наелектризирање на површината на Месечината, создавајќи сила со малку енергија.
Лебдечкиот дизајн се потпира на употребата на минијатурни јонски потисници.
Овие мали, микрофабрикувани млазници се поврзани со резервоар кој содржи јонска течност во облик на растопена сол на собна температура. Кога ќе се примени напонот, јоните во течноста се полнат и се емитуваат како сноп низ прскалките со одредена сила.
На основа на овој едноставен модел, тимот предвидел малиот ровер, кој тежок околу еден килограм, да ја постигне левитацијата од околу еден сантиметар над земјата, на големиот астероид како што е Psyche, користејќи јонски извор од 10 киловати.
За да дојде до слично полетување на Месечината, на роверот му е потребен извор од 50 киловати. Тоа во моментов е само концепт и е тестиран преку симулации. Но, истражувачите од МИТ, се убедени дека ќе функционира и во пракса.
Тие се надеваат дека ваквите летечки чинии би можеле да се користат за идните мисии на Мсечината како и оние на астероидите. Тие велат дека овие ровери ќе можат безбедно да лебдат и да маневрираат преку непознат нерамен терен.
Поврзани артикли