Израелски научници сметаат дека древен египетски лек кнаправен од шафран може да го подобри лекувањето на оние кои имаат тешки симптоми на заразата од кроона вирус. Процениле дека со него стапката на смртност може да се намали за 50 отсто.
Се работи за истражување кое го спровеле научници од Универзитетот и Медицинскиот факултет Хадаш, а објавено е во медицинскиот магазин „Журнал на интерна медицина“.
Лекот колхицин датира од древниот Египет во кој бил познат како многу лековит. Според Ерусалим пост, ова е еден од ретките древни лекови кои се користат и денес. Се користи за лекување и превенција на воспаленија предизвикани од гихт, а која како последица може да има појава на болен артритис и семејна медитеранска треска.
Професорот Ами Шатнер извршил истражување над пациенти со лекување во строго контролирани услови со овој лек во последните 20 години. При тоа утврдил дека не е исклучено дека е делотворен и во клекувањето на корона вирусот.
Шатнер укажал дека се направени четири студии во кои имало опфатено 6.000 луѓе, кај кои е проверена делотворноста на колхицинот против корона вирус. Според него, остварени се значителни подобрувања во лекувањето на оние кои имале тешки симптоми и дека стапката на смртност е намалена за 50 отсто, во однос на оние кои не биле лекувани со колхицин.
Лекот е евтин и достапен, а потребна е доза од само половина милиграм. Досега се покажал како многу сигурен. Меѓу нуспојавите се спомнуваат напади на дијареа. Речиси 10 отсто од пациентите поради споменатата нуспојава го прекинале лекувањето со колхицин.
Тестира е во лекувањето на корона вирус ширум светот во Канада, Грција, Јужна Африка, Шпанија и Бразил пишува Ерусалим пост.