Huawei вчера во Кина го претстави флексибилниот P50 Pocket со Snapdragon 888 чипсет и преклопен екран. Покрај тоа, Huawei го претстави и Watch D паметниот часовник, за кој слушавме гласини во последните неколку недели.
Huawei Watch D има AMOLED екран на допир во боја од 1,64 инчи и резолуција од 456 x 280 пиксели и густина на пиксели од 326 ppi. Куќиштето е направено од алуминиумска легура и има две опции на бои – црна и титаниум.
Ремените за Watch D се направени од флуоро-гума и доаѓаат во средни и големи димензии. Првиот е долг 11,8 см, а вториот 13,3 см.
Паметниот часовник доаѓа со стандарден сет на функции за здравје и фитнес, како што се бројач за чекори, монитор на отчукувањата на срцето, монитор за спиење и монитор за кислород во крвта. Но, главните карактеристики на Watch D се неговата способност да го снима вашето ЕКГ и да го мери вашиот крвен притисок.
Huawei Watch D користи Huawei TruBP, кој користи микро воздушни пумпи и воздушни перничиња за мерење на крвниот притисок на зглобот. Huawei вели дека интегрирал високопрецизен сензор за притисок, коло за контрола на повратниот притисок и патека за гас со низок проток за да се добијат мерења со маргина на грешка од ± 3 mmHg.
За EKG, Huawei Watch D се потпира на технологијата TruSeen 5.0+, која користи осум кружни фотоелектрични сензори и пар извори на светлина со заоблена стаклена леќа од сафир и ЕКГ електроди обложени со PVD за филтрирање на пречки и постигнување точни резултати.
Watch D се рекламира како уред за откривање на ризик од атеросклероза, аритмија и апнеја при спиење. Huawei им овозможува на корисниците на паметни часовници брзо да добијат онлајн консултации од експерти за да им помогнат да ги разберат нивните здравствени податоци.
Huawei вели дека соработувал со 301 болница во Кина за да ја тестира точноста и доверливоста на Watch D, кој исто така е регистриран како медицински уред од класа II во Кинеската Администрација за храна и лекови.
Останатите карактеристики на Huawei Watch D вклучуваат сензор за температура, мултифункционален NFC и IP68 отпорност на прашина и вода.
Huawei не ја откри големината на батеријата на Watch D, но вели дека ќе понуди до седум дена издржливост во типично сценарио за користење.
Huawei Watch D е со цена од 470 долари / 415 евра и ќе биде во продажба во Кина од 25 декември. Нема информации за неговата достапност на светските пазари, пренесува GSM Arena од официјални извори на компанијата.
Huawei го објави флексибилниот P50 Pocket со 6,9-инчен екран (ВИДЕО)