Телефоните со преклопен екран со денови се во фокусот на онлан мрежите. Најпрвин, пред некој дена Oppo го претстави Find N, а потоа Huawei вчера го објави P50 Pocket. Утрово беше најавен Honor Magic V, а денес и Lenovo објави вести за нов флексибилен уред со дисплеј на преклоп.
Се враќаме на 14 ноември 2019 година. Тогаш беше претставен новиот Razr на Motorola, како прв паметен телефон со вертикален преклопен екран и уште еднаш ги предводеше иновациите во индустријата.
Технологијата на отворање/преклопување, независно развиена од Истражувачкиот институт на Lenovo беше единствената технологија за флексибилни шарки за телефони во светот, ставена во масовно производство во тоа време.
Сега ја имаме тивко и внимателно подготвената трета генерација на Razr смартфонот со преклопен екран: понапредна аритметика на чипови, подобар интерфејс и се разбира, нов изглед.
Чен Џин, генерален директор на компанијата Lenovo во Кина, ни донесе страничен приказ на новиот телефон со преклопемн екран и судејќи според сликата, тој треба да има исто преклопување нагоре и надолу како претходниот Razr, но новиот дизајн на механизмот на механизмост на шарката во облик на ѕвезда може да донесе подобар екран со уште помалку набори при приказот.
Првата генерација на Motorola Razr со екран на преклоп беше објавен во 2019 година. Овој производ имаше секундарен екран на задната страна и една задна камера.Телефонот го покренуваше Snapdragon 710 чип, 6GB + 128GB RAM меморија и внатрешна батерија од само 2510mAh.