Во 2021 година, услугата TikTok за размена на кратки видеа стана најпосетуваниот интернет домен во светот, наоѓајќи се пред минатогодишниот лидер Google, кој е дел од холдингот Алфабет, според американската технолошка компанија Клоудфлер.
TikTok изби на прво место на 17 февруари, а од 10 август речиси секој ден по посети е пред Google, пренесува руската агенција Интерфакс.
TikTok претходно известуваше за повеќе од милијарда активни корисници месечно.