NASA успешно го тестира главниот мотор на најмоќната ракета во светот – Space Launch System (SLS).
Моторите работеле повеќе од осум минути за да го симулираат времето што е потребно за ракетата да стигне до вселената од површината на Земјата. СЛС би требало да превезува луѓе на површината на Месечината, првпат од 1972 година.
Експертите го тестираа главниот мотор на ракетата. СЛС се состои од јадро со четири моќни RS-25 мотори и два придвижувача. Пред да почне тестирањето, инженерите го наполниле главниот мотор со повеќе од 2,6 милиона литри гориво, кое се состои од течен водород и течен кислород, пишува Би-би-си.
Моторите тестирани вчера биле дел од 21 успешно полетување шатлови. Два од нив биле користени во последната мисија СТС-135 во 2011 година, а третиот во мисијата во 1998 година кога беше лансирана најстарата личност во вселената – американскиот сенатор и астронаут Џон Глен, кој во тоа време имаше 77 години, а четвртиот за време на летот за сервисирање на вселенскиот телескоп Hubble.
Моторите беа поправени по тие мисии. По првото полетување на СЛС подоцна оваа година, NASA ќе ги отфрли и повеќе нема да ги користи.
SLS припаѓа на мисијата „Артемис-1“, чија цел е да ги посети Месечината и другите планети во нашиот Сончев систем.
Поврзани артикли