Се зборува дека Motorola Moto G Stylus 2022 ќе биде објавен некаде кон средината на 2022 година, но првата серија рендери веќе пристигна за да ни открие каков дизајн може да очекуваме. Самите фотографии пристигнаа благодарение на дојавувачот @OnLeaks и веб-страницата Prepp. Ни го покажуваат познатиот дизајн на Moto со овални, правоаголни испакнатини на камерата и малку испакнати леќи.
Можеме да видиме и рамен екран на предната страна и мал, центриран засек за предната камера. Копчето за вклучување и копчето за контрола на јачината на звукот се на десната страна, додека првото се чини дека служи како читач на отпечатоци од прсти, што предлага LCD наместо OLED панел.
Според претходните гласини, телефонот ќе доаѓа со екран од 6,81 инчи, главна камера од 48 MP, батерија од 4500 mAh или 5000 mAh и основна меморија од 6GB RAM + 128 GB простор за складирање. Уредот најверојатно ќе го покренува Snapdragon 480+ 5G чипсет, што е чекор назад во однос на Snapdragon 678 SoC од 2021 година.
Дали овие карактеристики ќе бидат релевантни дури и кога телефонот ќе се појави во одреден момент во текот на 2022 година, останува да видиме.