Xiaomi денеска претходно откри дека 28 декември ќе биде датумот на објавување на Xiaomi 12 серијата, а подоцна во текот на денот беа додадени повеќе информации, откривајќи дека ќе се појават само два флегшип смартфона.
Уредите ќе имаат малку закривени екрани од страна, што е спротивно на досегашните информации за заоблени екран од сите четири страни, што значи дека веројатно се работи за Xiaomi 12 и Xiaomi 12 Pro.
И двата ќе имаат Snapdragon 8 Gen 1 чипсет, а еден куп истакнати перформанси се поделени во посебен блог пост на Weibo. Во Xiaomi очигледно се возбудени за тоа што ќе ни прикажат новите телефони, но на потрошувачите им се поважни резултатите од реалниот живот.
Во меѓувреме, Xiaomi 12 уредот исто така го помина Geekbench тестот, а резултатите се за околу 8-10 проценти подобри од телефонот со Snapdragon 888 Plus: 1.224 за еднојадрен и 3.823 за повеќејадрен тест. Повеќе на веб-страницата SparrowNews.