Huawei P50 Pocket е модел на преклоп кој Huawei ќе го претстави на 23. декември. Ги видовме неговите фотографии, рендери и официјална потврда за неговата најава. Но, досега имавме малку нови сознанија за она што не чека во рамките на овој флексибилен уред.
Сега дознаваме дека конкурентот на Galaxy Z Flip3 5G ќе има поголем внатрешен дисплеј, поголема батерија со брзо полнење и повеќе камери.
Да почнеме од екраните – внатрешниот има дијагонала од 6,85 инчи, додека надворешниот е кружен дисплеј од 1 инл. На капакот над попмошниот екран се наоѓаат три камери – главна камера од 50MP IMX766, ултраширока од 13MP и објектив за зумирање од 8MP со 3x зум.
P50 Pocket го покренува Kirin 9000 чипсет ограничен на 4G конекција. Моќта ја испорачува батерија од дури 4100mAh која може да се полни на 66W, што е многу повеќе од она што го нуди Galaxy Z Flip3 5G од 15W.
Останатите празнини во информациите за хардверот ќе ги пополниме подоцна оваа недела, кога Huawei официјално ќе го претстави P50 Pocket.