Добри вести за сите фанови на Samsung кои ја чекаат новата Galaxy S серија флегшип телефони – сите три уреди од Galaxy S22 серијата ќе имаат стаклени позадини, според доверливиот типстер @UniverseIce.
Ова во голема мерка ќе ги израдува љубителите на помалите Galaxy флегшип модели, кои мораа да се борат со пластичните задни страни на Galaxy S21, наспроти S21 Ultra, обложен со Gorilla Glass Victus. Galaxy S1+ исто така е направен со пластична задна страна.
Galaxy S22 серијата пристигнува кон крајот на јануари или почетокот на февруари.