Американската вселенска агенција НАСА претходно објави звуци од Марс, а сега сондата Juno сними звуци од месечината на Јупитер.
Станува збор за месечината Ганимед покрај која сондата мина на 7 јуни 2021 година. НАСА објави аудио снимка која трае 50 секунди. Juno содржи инструменти кои снимаат електрични и магнетни радиобранови.
Научниците собраа податоци на кои потоа им ја промениле фреквенцијата за да ги претворат во звук кој може да се чуе. Конечниот резултат е звук кој потсетува на дување ветер и роботски звуци. Тоа не може да се смета за некој показател дека постои живот на месечината или во нејзина близина, но претходните истражувања покажаа дека на Јупитер веројатно може да постојат услови за живот.
Претходно, научниците во текот на анализа на податоци од планетата открија дека облаците на Јупитер содржат потреба активност на вода со што во теорија би можело да овозможи услови за живот. Слојот облаци ги исполнува барањата за вода која е потребна за живот.
Извор: Klix.ba