Научниците, здравствените организации и институции, како и медиумите, играат клучна улога во презентирањето на фактите за помалку штетните алтернативи на тутунот. Затоа е потребно известување на избалансиран и непристрасен начин, без сензационализам, притоа избегнувајќи изјави и тврдења кои не претставуваат реални докази и заклучоци – е една од пораките на неодамнешниот самит за електронските цигари.

„Кога станува збор за помалку штетни алтернативни тутунски производи, има многу недостатоци кои можат да имаат долгорочни последици за корисниците“, вели Ален Бубис, почесен професор по токсикологија и претседател на Британскиот комитет за токсикологија на Кралскиот колеџ во Лондон. Бубис смета дека ова може да биде голем проблем во областа на јавното здравје, особено ако луѓето не се свесни за постоењето на алтернативни избори за пушење или не се доволно едуцирани за нив. „Видовме дека луѓето почнаа да користат електронски уреди, но колку од нив навистина би престанале да пушат доколку ја немаат оваа алтернатива како избор“, праша тој.

Бубис укажа на одговорноста што ја имаат водечките институции, пред се Светската здравствена организација кога ги оспоруваат предностите на овие производи. „Кога се забранува употребата на алтернативите, СЗО се обидува да најде позиција што би можела да се примени на глобално ниво, без да се земат предвид ризиците што ги носи конзумирањето на конвенционалните цигари, во споредба со помалку штетните алтернативни тутунски производи“, рече тој. Тој додава дека ваквиот став доаѓа од претпоставени, хипотетички ситуации, кои поаѓаат од најлошото сценарио за корисниците, без никаква основа. Како што вели тој, во последните 10 години имавме можност да ги набљудуваме луѓето кои користат алтернативни тутунски производи (е-цигари) и да се увериме дека тешкото труење и другите негативни здравствени последици за кои предупредува СЗО и се залага за забрана на помалку штетни алтернативи – речиси и да не постојат.

Проблемот на селективна информација

Д-р Констатинос Фарсалинос, надворешен научен соработник на Универзитетот во Патра, Одделот за јавно здравје и здравјето на заедницата и Универзитетот во Западна Атика, укажа на друг аспект на манипулација со информации. „Секојдневно гледаме примери каде фактите во корист на помалку штетните алтернативи на тутунот се игнорираат и селективно се користат“, нагласи тој.

Фарсалинос изјави дека на овој начин некои научни списанија ја доведуваат во заблуда јавноста и корисниците на помалку штетни алтернативи. Тој како пример ја наведе студијата која ја поврзува употребата на електронски цигари со кардиоваскуларни заболувања, поточно, акутно намалување на еластичноста на артериите, споредувајќи ја акутната употреба на никотин со кофеинот. „Кофеинот исто така акутно ја намалува еластичноста на нашите артерии и го зголемува крвниот притисок. И знаеме дека кофеинот не е фактор на ризик за развој на кардиоваскуларни болести. Никотинот може акутно да ја намали еластичноста на артериите, но ако користите терапија за замена на никотин наместо цигари, артериите ќе ја вратат својата еластичност со текот на времето. Не можеме да базираме прогностички информации на ваков тип на судии, бидејќи се работи за акутни состојби. „Кога ги мерите акутните промени, не можете да имате прогностичка вредност“, посочи тој.

Учесниците на самитот се согласија дека треба да бидеме повнимателни со пораките за помалку штетни алтернативи, бидејќи тие имаат големо влијание на полето на јавното здравје и можат да ги спречат пушачите да преминат од класични цигари на тутунски производи кои носат значително помал ризик по здравјето.

Питер Хајек, професор по клиничка психологија на Институтот за јавно здравје Волфсон на Универзитетот Квин Мери во Лондон, истакна дека историјата одново и одново докажува дека науката е таму за да даде одговори и да ги отфрли испитувањата, наведувајќи ја како пример терапијата за замена со никотин. „Кога беше воведена никотинската заменска терапија, имаше голема загриженост за потенцијалната зависност до која може да доведе, токсичност… Сепак, истражувањата покажаа дека терапијата за замена на никотин е безбедна, воопшто не привлекува непушачи и е многу ефикасна, така што овие грижи се ставени настрана“, рече Хајек.

Почесниот професор Ален Бубис истакна дека со векови се верувало дека никотинот е една од најтоксичните материи, дека неколку милиграми може да доведат до смрт, но дека се покажало дека овие тврдења се целосно погрешни и дека никотинот не е ни приближно токсичен како што се веруваше.

Улогата на помалку штетните алтернативи во борбата против пушењето

Независните експерти кои учествуваа на овогодинешниот Самит се осврнаа на одлуката на некои земји како целосно да се ослободат од чадот од тутунот во блиска иднина, анализирајќи ги досегашните резултати и улогата што ја имаат нискоризичните производи во постигнувањето на оваа цел.

Даден е примерот на Велика Британија каде со помош на електронските цигари како терапија за одвикнување од пушење се постигнуваат значајни резултати во областа на јавното здравје. „Околу 15 отсто од возрасната популација во Британија сè уште консумира цигари. Дури 50 отсто од нив имаат проблем со некои болести кои ги поврзуваме со пушењето. Но, доколку престанат да пушат, го намалуваат ризикот од добивање сериозни болести за најмалку 50 отсто, а понекогаш и повеќе“, истакнуваат експертите. Тие се согласија дека алтернативните никотински производи се важен сојузник во борбата против чадот од тутунот и класичните цигари, што може да биде решение за сите оние кои не сакаат да се откажат од тутунот.

„Знаеме дека никотинот не е најштетниот производ на цигарите, туку чадот од тутунот. Никотинот е супстанца која создава зависност. Затоа, ако сакаме целосно да се ослободиме од цигарите, мора да им обезбедиме на луѓето алтернативни начини за конзумирање на никотин“, велат тие.