Mediatek претходно оваа недела објави соопштение, потврдувајќи дека најмалку четири големи производители на паметни телефони ќе објават телефони со Dimensity 9000 чипсет во првиот квартал на 2022 година. Honor денеска потврди во објава на Weibo дека еден од нивните флегшип смартфони ќе пристигне со најмоќниот SoC на Mediatek.
Во меѓувреме, дојавувачот Digital Chat Station откри дека претстојниот уред нема да биде на преклоп. Honor Magic Fold (името сè уште не е потврдено) исто така ќе пристигне во првите месеци од новата година, но ќе биде покренат од Snapdragon 8 Gen 1 чипот.
Dimensity 9000 е вистински водечки чипсет, изграден на процес од 4 нанометри. Тој е прв во светот со Cortex-X2 главно јадро на 3,05 GHz и исто така првиот што го донесува Bluetooth 5.3. Mediatek тврди дека чипот го надминува најдобриот чипсет на Android во сирови перформанси и може да биде блиску до платформата A15 Bionic на Apple.
Новите Magic телефонисе уште се мистерија со непознати спецификации. Бидејќи јануари е само две недели отсега, очекуваме секој ден да пристигнуваат гласини, рендери и тизери, па ќе имаме подобри и попрецизни информации.