Освен со автомобилизам, јужнокорејскиот бренд се занимава и со роботика, но и со развој на авиони.
Од Hyundai се убедени дека на крајот на тековната деценија ќе заживее секторот „летечки автомобили“, односно помали летала наменети пред се за урбаните средини. Минатата година во сојуз со Uber го претставија S-A1 – концептно летало кое треба да биде вовед во целата приказна.
Корејците наведуваат дека работите на леталото напредуваат добро и дека очекуваат првиот комерцијален лет да го направи во 2028 година.
„Сметаме дека воздушниот сообраќај ќе овозможи помали проблеми на патиштата, како и дека ќе помогне да се намали емисијата на штетни гасови. Со нашите летала ќе може да се транспортира низ градот, но и меѓу населените места“, вели Мајк Кол, шеф на програмата на Hyundai за овие урбани авиони.
Во ноември, Hyundai создаде нова компанија – Supernal, чија цел е развој и производство на овие превозни средства. Според досегашните податоци, првото летало ќе има ограничување на летот на 600 m надморска височина, максималната брзина треба да биде 290 km/h и ќе се движи, се разбира, исклучиво на електричен погон.
Извор: Додај Гас