Оперативниот систем Android 12 носи големи промени за возачите.

Android Auto официјално исчезнува од екранот на паметните телефони, а ќе биде заменет со новата апликација Assistant Driving Mode.

Отсега, возачите кои сакаат лесно да ги контролираат функциите кои се корисни додека возат на екранот на паметниот телефон ќе мора да ја користат апликацијата Assitant Driving Mode. Како и Android Auto, таа нуди едноставен интерфејс со големи копчиња и пристап до одредени апликации.

Услугата веќе може да ја користат избрани корисници на паметни телефони со Android 12 и најновиот пакет апликации на Google. Решението се уште е во развој и најверојатно ќе стане попопуларно во наредните месеци

Секако, оригиналниот Android Auto се уште е во употреба за сите оние кои сакаат и можат да уживаат во придобивките од апликацијата преку екранот на автомобилот.