Се чини дека Microsoft се обидува да придобие нови Microsoft 365 претплатници, па компанијата се сети на нешто што би можело дури и да сврти некои луѓе на нов животен пат. Компанијата нуди попуст од 50 проценти на Office пакетот за оние кои веќе ја користат неговата пиратска верзија.
Како што пренесува Ghacks, корисниците на пиратските верзии на Office ќе добијат известување за попуст под лентата со алатки, која што меѓу останатото ќе ги однесе на официјалната веб-страница на Microsoft, каде што ќе бидат пречекани со порака – „Пиратскиот софтвер го изложува вашиот компјутер на безбедносни закани“.
Пиратите ќе платат само 49,99 долари за првата година од претплатата на Microsoft 365 Family, додека една година од Microsoft 365 Personal пакетот ќе ги чини 34,99 долари. Office 2021 во моментов не е на попуст, но кој знае на што е подготвен американскиот технолошки гигант кога станува збор за зголемувањето на бројот на претплатници.
Поврзани артикли