Oppo го најави доаѓањето на својот прв смартфон на преклоп речиси три години по претставувањето на прототипот.
Find X наликува на Galaxy Fold на Samsung и е резултат на четиригодишен интензивен развој и шест генерации прототипи. Официјалната презентација ќе се одржи на Oppo Inno Day настанот закажан за 15 декември.
Oppo Find N Foldable ?
120Hz refresh rate#Oppo #OPPOINNODAY2021 pic.twitter.com/udF1nE2IXr— Abhishek Yadav (@yabhishekhd) December 10, 2021
Компанијата не откри детали за процесорот, екранот и другите спецификации, објавија само рендер и видео. Oppo ветува „убав уред“ кој добро ќе лежи во рака, кој ќе биде едноставен за користење во отворена и затворена форма и кој нема да има проблеми со наборите на екранот и издржливоста на самиот уред.
Покрај флексибилниот смартфон, Oppo ќе претстави и други производи. Oppo Inno Day се одржува на 14 и 15 декември.