Италијанскиот регулатор за конкуренција на пазарот денеска ја информира јавноста дека го казнил американскиот онлајн малопродажен гигант Amazon со 1,13 милијарди евра поради злоупотреба на доминантната позиција на пазарот.
Amazon и наштети на конкуренцијата во логистичките услуги во интернет трговијата, соопшти италијанскиот регулатор.
Amazon има доминантна позиција на италијанскиот пазар на посреднички услуги и тоа го искористи за меѓу трговците на платформата Amazon.it да ја фаворизира својата логистичка услуга „Fulfillment by Amazon“ (FBA), на штета на логистичките услуги на конкуренцијата, посочија тие.
Истовремено, Amazon дополнително ја зајакна и онака доминантната позиција на пазарот, додаваат од регулаторот.
Компанијата поради тоа е казнета со 1,13 милијарди евра, а регулаторот најави дека ќе и пропише и корективни мерки, чие спроведување ќе го следи специјален комесар.
Amazon не беше во можност веднаш да ја коментира одлуката на италијанскиот регулатор.
Поврзани артикли