Потрошувачите кои ќе го купат уредот до 31 јануари 2022 година добиваат 3-годишна гаранција и повластен постпродажен сервис
Huawei Consumer Business Group го најавува почетокот на продажбата на новиот 14,2-инчен лаптоп HUAWEI MateBook 14s на македонскиот пазар. Новиот претставник на серијата MateBook ги носи своите карактеристични интелигентни перформанси, естетски дизајн и иновативни карактеристики за поврзување со различни уреди, за непречено и инспиративно корисничко искуство.
HUAWEI MateBook 14s доаѓа со многу елегантна метална шасија, а профилот се истенчува кон рабовите. FullView дисплејот е чувствителен на допир, со резолуција од 2,5K и сооднос 3:2, и најдобро одговара за високи перформанси. Лаптопот користи 11-та генерација на Intel® Core™ стандарден напонски процесор за да обезбеди перформанси со голема брзина и непречено искуство. Квалитетот на звукот е значително подобрен благодарение на поддршката за HUAWEI SOUND® и четири звучници со сабвуфери и високотонци.
Користењето на тастатурата на HUAWEI MateBook 14s е вистинско задоволство и нуди копчиња од 1,5 мм. Лаптопот може да работи со многу поврзани уреди, што го прави незаменлив асистент во секојдневниот живот. Оперативниот систем е Windows 10 Home со опција за бесплатна надградба на Windows 11 Home.
Иновативни технологии за сложена продуктивност
HUAWEI MateBook 14s нуди извонредни перформанси за неговата тенка и лесна шасија. Конфигуриран е со новиот процесор Intel® Core™ TGL-H35 i5-113000H од 11 генерација, интегрирана графика Intel® Iris® Xᵉ, 16 GB RAM и 512 GB SSD. Специјален режим со високи перформанси – Performance mode, може лесно да се активира преку комбинацијата на копчиња Fn + P, што го зголемува CPU TDP до 45 W. Системот на вентилатори на HUAWEI Shark fin е дополнително надграден за уште поефикасно и потивко ладење.
Покрај високите перформанси, HUAWEI MateBook 14s нуди долго траење на батеријата, која има капацитет од 60 Wh. Комплетен со џебен адаптер за напојување од 90 W, лаптопот може 3 часа активно да работи, по само 15 минути полнење. Адаптерот поддржува и HUAWEI SuperCharge, компатибилен со одредени паметни телефони и таблети на Huawei.
HUAWEI SOUND® го има своето деби со HUAWEI MateBook 14s. Лаптопот има вградени 4 звучници, вклучувајќи два високотонци и 2 сабвуфери, благодарение на кои добивате моќен бас и јасни високи тонови. Звучниците ги поддржуваат алгоритмите за репродукција на звучното поле на Huawei за да емулираат звук што доаѓа од сите страни. Четирите микрофони, пак, можат да го пресретнат квалитетот на звукот од далечина до 5 метри. Интелигентната технологија за намалување на шумот го прави секој звук кристално чист. HUAWEI MateBook 14s доаѓа и со технологија за подобрување на гласот за елиминирање на амбиенталниот шум додека го идентификува и пресретнува гласот на корисникот за да биде јасен и чист при конференциски повици.
Иновативната тактилна тастатура со таканаречениот Soft-landing Design и притискање на тастатурата од 1,5 мм нуди голема удобност при пишувањето. Други иновативни карактеристики се: копчето за вклучување со интегриран читач за отпечатоци, препознавање на лица и поддршка за брзиот Wi-Fi 6 стандард.
Ултра тенок дизајн и брилијантен дисплеј
HUAWEI MateBook 14s комбинира естетски и ергономски дизајн. Металниот финиш со Space Grey боја е префинет и целиот уред тежи околу 1,43 кг. Карактеристичниот FullView дисплеј е опкружен со 4 тенки рамки, обезбедувајќи сооднос на екранот и телото од 90%, додека камерата се наоѓа фронтално, во рамката на екранот. Соодносот 3:2 фаворизира типични задачи на лаптопот, вклучително и вертикална визуелизација на содржината. Екранот поддржува 100% од просторот за бои sRGB и може да репродуцира 1,07 милијарди бои за живописни слики со мазни градиенти. Екранот со повеќекратен допир од 10 точки овозможува поголема ефикасност при извршување на различни задачи.
Екранот на HUAWEI MateBook 14s одржува импресивна стапка на освежување до 90 Hz, а со комбинацијата на копчиња Fn+R може да се префрли на 60 Hz за да се оптимизира траењето на батеријата и 90 Hz за подобра визуелност. Новиот лаптоп нуди и двојна заштита на видот, сертифицирана од TÜV Rheinland Low Blue Light (Hardware Solution) за минимизирање на сината светлина и Flicker Free – за намалување на треперењето. Има и сензор за амбиентална светлина, чии резултати можат автоматски да ја прилагодат осветленоста на дисплејот.
Подобро поврзување
Новиот модел ги проширува иновативните можности за поврзување на различни уреди и одржува интелигентно поврзување со Huawei паметните телефони, таблети, монитори и друго. Со само еден допир, корисниците можат да го поврзат лаптопот со паметен телефон, како што е новиот HUAWEI nova 9, и да го проектираат мобилниот интерфејс на екранот на лаптопот, користејќи два уреди на еден екран во исто време. Можете исто така да го поврзете HUAWEI MateBook 14s со таблет. HUAWEI MateBook 14s може да се поврзе и со безжични слушалки, а за навистина голем десктоп – со HUAWEI MateView монитор.
Една година дополнителна гаранција
Matebook 14s го нудат партнерите Нептун, Сетек, Техномаркет и Анхоч, по малопродажна цена од 69.999 денари. Секој што ќе го купи уредот пред крајот на јануари 2022 година, добива една година дополнителна гаранција, т.е. вкупно тригодишна гаранција, и повластен пост-продажен сервис од официјалниот центар за услуги на клиентите на ул. Борис Трајковски 72, во Скопје. Ова вклучува бесплатна двонасочна курирска услуга, двократна бесплатна реинсталација на Windows во рамките на 3-годишната гаранција и професионална техничка поддршка. Дополнително, како дел од долгорочната кампања „Повеќе грижа за тебе“, која се одржува секој последен четврток, петок и понеделник во месецот, официјалниот сервисен центар на Huawei ќе понуди надградба на SSD.
За повеќе информации, посетете ја официјалната веб страница на HUAWEI.
Поврзани артикли