Социјалната мрежа Instagram воведе низа нови и експериментални функции чија цел е да ја направат платформата да биде безбедно место за тинејџери.
Конечно е воведена опцијата „Take a Break“ која е достапна во САД, Велика Британија, Канада и Австралија. Кога корисникот веќе подолго време ги прелистува содржините на Instagram, ќе добие известување да направи пауза и да постави потсетник. Тинејџерите најмногу ќе добиваат известувања и ќе им бидат понудени совети од експерти за користење на социјалната мрежа.
Instagram во март ќе воведе опција за родители и старатели која ќе им овозможи да имаат увид колку време поминуваат нивните деца на Instagram. Тинејџерите ќе имаат опција да ги известат своите родители доколку блокираат некога на социјалните мрежи.
Уште една опција која се најавува е бришење на стари содржини одеднаш, како и бришење на сите коментари и допаѓања. Оваа можност ќе биде достапна во јануари.
Уште една опција која се тестира е да се забрани на возрасните да испраќаат пораки на тинејџерите кои не ги следат. На почетокот на следната година ќе биде укината и можноста возрасните да ги означуваат или спомнуваат тинејџерите кои не ги следат.
Се размислува и за дополнително ограничување на содржината која ќе е достапна на тинејџерите.
Извор: Klix.ba