Microsoft во својот Центар за развој во Белград, отвори повеќе од 40 работни позиции во областа на софтверско инженерство. Центарот за развој во Белград продолжува да расте, откако минатата година доживеа експанзија со повеќе од 100 нови вработени од Србија, регионот, како и остатокот од светот, со што се оправдува титулата за најпосакуван ИТ работодавач во земјата.

Центарот во Белград е место каде се создаваат производи и иновации, кои се применуваат на глобално ниво.

Кариерата во Белград нуди безброј можности, од работа со врвни експерти и работа на развој на алатки кои ги користат милијарди луѓе, до работа во меѓународна средина и можности за постојано учење и напредување. Тимовите на овој центар за развој на Мајкрософт, кој станува центар за Источна Европа, ги создаваат едни од најнапредните и најраспространетите дигитални услуги.

Без разлика од која земја доаѓаат, сите заинтересирани за работа во тимот на Центарот за развој на Мајкрософт во Белград можат да се пријават на овој линк, а како изгледа процесот на интервју за работа во една од најголемите светски ИТ компании можете да погледнете овде.

Заинтересираните софтверски инженери  можат да аплицираат за следите позиции:

Software Engineer 

Software Engineering Manager 

Senior Software Engineer 

Software Engineer 2 

Principal Software Engineer 

Senior Program Manager 

Во Центарот за развој нагласуваат дека разновидноста и инклузивноста се едни од нивните клучни вредности. Тие посочуваат дека еден од најдобрите начини да се развијат квалитетни идеи е да се вклучат луѓе од различни профили, образование, култура, различни перспективи и начини на размислување во тимовите.

Соодветно на тоа, MDCS веќе 7 години преку иницијативите “Girls in ICT” и “Women know IT” ги охрабрува девојките да ги започнат своите кариери во ИТ индустријата, а од неодамна работат на меѓународно вработување со што се продолжува проширувањето на нивната мисија, како и локалниот екосистем.

Исто така, бенефициите што ги дава оваа компанија се многу конкурентни во регионот, па покрај најдоброто здравствено осигурување, породилно отсуство за мајки и татковци, како и разни општествено корисни активности, се споменуваат и флексибилна работа и прилично голем број денови на можни отсуства, како и ресурси за понатамошно учење и усовршување.