Официјалниот претставник на Xiaomi, Лу Веибинг се пофали на социјалните мрежи дека Poxo X3 Pro телефонот направи огромен успех во Европа.
Poco X3 Pro беше најпродаваниот смартфон на Amazon на шест клучни западноевропски пазари – Шпанија, Франција, Германија, Италија, Холандија и Велика Британија.
Лу објави и фотографија со текст, со што покажа дека Poco импресивно се развил во 2021 година.
Poco X3 Pro е одличен уред и тоа го докажа продажбата за време на Црниот петок. Почна да се продаве во март оваа година за 249 и 299 евра, но за време на Black Friday беше на голем попуст, па верзијата со 6GB RAM и 128GB простор за складирање чинеше 179 евра, а верзијата со 8GB RAM и 256GB внатрешна меморија помеѓу 200 и 220 евра.