Најновото истражување го покажува големиот раст на компанијата Apple на кинескиот пазар.
Apple го престигна Vivo во октомври 2021 година и стана најголемиот производител на телефони на кинескиот пазар.
Компанијата од Купертино на тој начин, за прв пат од декември 2015 година, ја освои титулата најголем бренд во Кина, според анализата на компанијата „Counterpoint Research“.
Најмногу за резултатот помогна продажбата на телефони од iPhone 13 серијата на Apple, а продажбата на компанијата порасна за 46 проценти на месечно ниво.
Другите производители забележаа пад на продажбата во текот на октомври, а тоа ги вклучува Vivo, Oppo и Huawei.
Кинескиот пазар главно се фокусираше на премиум телефоните, што му помогна на Apple да постигне подобри продажни резултати, а многу корисници го чекаа „Денот на самците“ (11 ноември) за да купат нов смартфон.
Извор: B92.net