Досегашните извештаи во врска со претстојната Xiaomi 12 линија сугерираат дека компанијата ќе ги претстави уредите на повеќе настани во текот на неколку недели и месеци, почнувајќи со стандардниот Xiaomi 12 модел во декември. Но, новиот извештај сега вели дека ќе добиеме најмалку два уреда на настанот на иницијалната објава следниот месец, пишува GSM Arena.
Xiaomi 12X, кој неодамна почна да кружи по гласините, ќе биде претставен заедно со моделот Xiaomi 12. Според сегашните информации, ова би требало да биде достапен, компактен флегшип моделот со Snapdragon 870 чипсет и OLED екран од 6,28 инчи. На задната страна се очекува главна камера од 50 MP.
Извештајот кој доаѓа од Кина не дава точен датум за пуштање во продажба на овие два телефона, но декември не е далеку, па тоа ќе го дознаеме наскоро.
Поврзани артикли