Вчера извршниот потпретседател на Intel, Грегори Брајант твитна дека компанијата веќе ги испорачува претстојните Alder Lake-P мобилни процесори до OEM производители за да ги интегрираат во претстојните лаптопи.
Alder Lake-P наводно ќе биде достапен во две примарни конфигурации на јадра. Од овие два, процесорот од пониска класа може да содржи две Golden Cove Performance (P) јадра и осум Gracemonth Efficiency (E) јадра. Врвниот чип би можел да има шест јадра за перформанси заедно со осум штедливи јадра.
Another incredible 12th Gen @intel Core milestone: today, we began shipping our high-performance mobile processors to customers! Congratulations to our Intel teams around the globe for their hard work & commitment in delivering this product. #IntelCore pic.twitter.com/72Glbo4qZo
— Gregory M Bryant (@gregorymbryant) November 22, 2021
Пред неколку дена протече наводен бенчмар за Alder Lake-P Core i7-12700H, кој ги откри високите перформанси на чипот кога ќе се спореди со конкурентите: AMD Ryzen 9 5800HX и Apple M1 Pro.
Еве ги резултатите:
Според шпекулациите, официјалното лансирање на Alder Lake-P и Alder Lake-M процесорите не би требало да е далеку, сега кога им се испорачуваат на OEM производителите. Intel дури би можел да претстави нови чипови на CES 2022.
Поврзани артикли