Многу фактори влијаат на падот на нашата енергија, но постојат намирници кои буквално нè исцрпуваат.
Бел леб, тестенини и оризПреработените зрна, како оние во белиот леб, тестенините од бело брашно и оризот, можат да бидат главни виновници за одземање на енергијата во човечкиот организам. Тоа е затоа што преработените зрна содржат ниско ниво на влакна и имаат тенденција да се дигестираат и апсорбираат побрзо од целите зрна. Резултатот е брз пораст на шеќерот во крвта, а со тоа и на инсулинот, по што следува ненадеен енергетски пад.
Кафе
Кога се консумира умерено, кафето може да има позитивни физички и психички ефекти. Истражувањата покажуваат дека кафето помага при намалување на ризикот од развој на невродегенеративни болести (Алцхајмерова и Паркинсонова болест). Исто така, 18 истражувања покажуваат дека кафето го намалува ризикот од развој на дијабетес тип 2. Меѓутоа, доколку редовно се ослонувате на кафето наместо на правилна исхрана и квалитетен сон, ваквата навика со текот на времето може да ви ја истроши енергијата.
Похувана и пржена храна
Похуваната и брзата храна исто така е енергетски неповолна, поради тоа што главно содржи високи количини на масти и ниски количини на влакна, што доведува до забавено варење. Побавното варење може да ја намали брзината со која хранливите материи влегуваат во крвотокот со што нивното искористување и енергетските процеси во телото се забавени.
Нискокалорични намирници
Кога ќе дојде време за грицкање, некои луѓе се одлучуваат за нискокалорични верзии на својата омилена храна, верувајќи дека тие се поздрав избор. Меѓутоа, вклучувањето на премногу вакви намирници во исхраната може да доведе до внесување на недоволен број на калории во текот на денот, што може значително да го намали нивото на телесна енергија.
Извор: Kurir.rs