Австралиската софтверска компанија Atlassian гради ново седиште во Сиднеј.
Станува збор за кула од 39 ката, со вкупна висина од 180 метри, на која работат архитектонските компании Shop Architects и BVN. Тоа ќе биде највисокиот хибриден облакодер на светот, изграден со комбинација од челик, стакло и дрво. Од овие 39 ката, четири ката ќе содржат зелени оази, или „паркови“, а во објектот ќе бидат вградени и паркинг места.
Главниот фокус при изградбата на зградите е енергетската ефикасност. Целта е да се намали загадувањето при изградбата за 50 отсто во споредба со традиционалните градби.
Инаку, кулата е првиот голем проект што ќе се гради во новата технолошка претприемничка зона Central Station, во која е планирано да се сместат 25.000 работници од различни компании.
Financial Review пишува дека кулата треба да биде завршена во 2025 година. Ќе чини 546 милиони долари, а откако ќе биде завршен ќе може да прими 4.000 вработени. Инаку, оваа зграда треба да му помогне на Atlassian да ја постигне целта до 2050 година да стане јаглеродно неутрална компанија.
Инаку, кулата е првиот голем проект што ќе се гради во новата технолошка претприемничка зона Central Station, во која е планирано да се сместат 25.000 работници од различни компании.
Извор: Index.hr