Еден од најдобрите провајдери на софтвер за спортско обложување во светски рамки, македонската компанија BtoBet, месецов се закити со две престижни награди во iGaming-индустријата.
На почетокот на ноември компанијата ја доби наградата Multi-Channel Supplier of the Year, која ја доделува реномираната мултимедијалната компанија 5 Star Media. Овие награди, кои компанијата ги доделува на годишно ниво, претставуваат своевидно признание за најдобрите провајдери во Б2Б-синџирот на снабдување во индустријата и ги промовираат успехот, иновациите и етиката во iGaming-деловната заедница.
Изминатите 12 месеци BtoBet, која сега е дел од реномираната групација Aspire Global, направи значителна експанзија на африканскиот континтент. Благодарение на успешно остварените зделки под повеќе јурисдикции, компанијата месецов се стекна и со наградата за снабдувач на спортско обложување за африканскиот пазар на престижните Gaming Intelligence Awards како дел од најуспешните iGaming-провајдери на глобално ниво.
„Ни претставува особено задоволство што нашите заложби за континуирано унапредување на она што им го нудиме на нашите партнери се препознаени на овој начин. Овие награди се, пред сè, потврда за талентот, иновативноста и напорната работа на вработените, но и за технолошката флексибилност, која ни овозможува да се приспособиме на разните пазарни сценарија. Продолжуваме да креираме врвни технолошки решенија, кои ќе ни обезбедат одржување на конкурентската предност во индустријата, а кои за нашите партнери ќе значат исполнување на нивните цели и долгорочен раст преку обезбедување уникатно обложувачко искуство за нивните играчи“, истакнаа од BtoBet.
Експоненцијалниот раст што компанијата го бележи, особено во последната година, се должи, меѓу другото, и поради тоа што фокусот на нивното софтверско решение е целосно насочен кон играчот со цел да обезбеди врвно корисничко искуство, но и како резултат на зголемувањето на инвестицискиот капацитет преку партнерството со водечкиот глобален провајдер во iGaming-индустријата, Aspire Global. Ова дополнително ѝ овозможи на компанијата да го зголеми своето присуство на пазарите во развој, како Латинска Америка и Африка, но и да ја зацврсти својата позиција веќе развиените пазари, како европскиот.