Со владина интервенција во уредбата за Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги временскиот период во кој операторите беа должни да извршат пререгистрација на програмските сервиси кои ги реемитуваат, од 60 дена е продолжен на 150 дена.

Како што објаснуваат од владината прес-служба, овој рок е продолжен со цел операторите да ја исполнат обврската и да ја достават соодветно пропишаната документација до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, која треба да ја прибават од странски радиодифузери.

Дополнително, заради обезбедување соодветни услови за информирање на јавноста, во овој период е определена обврска за задолжително реемитување на програмските сервиси кои се веќе пријавени кај надлежниот регулатор од страна на операторите.