Археолози од Египет открија еден од изгубените египетски храмови на сонцето кој датира од средината на 25 век пред новата ера. На локалитетот се пронајдени посмртни останки закопани под друг храм во Абу Гураб, 19 километри јужно од Каиро.
Откритието на Масимилан Нузоло, доцент по египтологија на Институтот за медитеранска и ориентална култура во Варшава, и неговиот тим е претставено во емисијата „Изгубеното богатство на Египет“ на National Geographic, емитувана во неделата.
Уште во 1898 година археолозите кои работеле на тој локалитет откриле храм на сонцето, познат како Неусер или Нисер, фараон кој владеел со Египет меѓу 2400 и 2370 година пред новата ера.
Новото откритие објавено во емисијата сугерира дека е изграден на врвот на остаток на уште еден сончев храм.
„Археолозите од 19 век ископале мал дел од оваа зграда од кал под камениот храм Нисер и заклучиле дека ова било претходна фаза на изградба на истиот храм“, изјави Нузоло за CNN.
Сега нашите наоди покажуваат дела ова било целосно поинаква зграда, подигната пред Нисер, изјави тој.
Меѓу откритијата има и печати со гравирани имиња на кралеви кои владееле пред Нисер. Оригиналната конструкција во целост е направена од тули од кал, објасни Нузоло. Споменикот бил ритуално уништен за да Нусер изгради свој сопствен храм на сонцето.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли