Оваа недела ќе биде најдолгото затемнување на Месечината во овој век. Овој момент ќе се случи ноќта помеѓу 18 и 19 ноември и ќе може да се гледа од повеќе делови на светот. НАСА точно предвидува дека целосното затемнување ќе трае 3 часа, 28 минути и 23 секунди.
Делумното затемнување на Месечината, која ја покрива сенката на Земјата 97 отсто кога е полна Месечина, ќе биде убедливо најдолго во овој век. Претходното целосно затемнување беше во 2018 година и траеше 1 час и 43 минути.
Според опсерваторијата на Универзитетот „Батлер“ во Индијана, ова ќе биде најдолгото делумно затемнување на Месечината во последните 580 години.
Затемнувањето на Месечината се случува кога Земјата ќе помине помеѓу Месечината и Сонцето, така што сенката на нашата планета ја покрива Месечината.
Поврзани артикли