Во светот има околу пет милијарди корисници на интернет. Активноста во интернет-просторот во минута и количината на податоци што ги произведуваат потрошувачите е, благо кажано – огромна. Секојдневно користиме услуги на голем број програми и апликации, коишто, сите тие заедно ја произведуваат вкупната количина податоци.
Што се случува на интернет за една минута оваа 2021 година? Интернет-страницата „Домо” дава неколку одговори…
– Amazon генерира 955.517 американски долари во минута, Apple – 848.500 долари, Google – 433.000 долари, а Facebook – 213.620 долари.
– Во една минута, на Google се случуваат 5,7 милиони пребарувања. Количината на податоци во дигиталниот универзум се удвојува на секои две години.
– Корисниците на Amazon плаќаат 283.000 долари,
– 12 милиони луѓе испраќаат порака преку iMenage,
– 6 милиони луѓе купуваат на интернет,
– Корисниците на Slack испраќаат 148.000 пораки,
– Тимот на Microsoft поврзува 100.000 корисници,
– Корисниците на YouTube пуштаат 694.000 видеа во живо,
– Facebook-видеата во живо имаат 44 милиони прегледи,
– Корисниците на Instagram споделуваат 65.000 фотографии,
– Корисниците на Интасарт плаќаат 67.000 долари,
– Корисниците на TikTok гледаат 167 милиони видеа…
За споредба, во 2017 година, на Twitter имало 452.000 објави во минута, во однос со 575.000 во 2021. Од 2019 година, секоја минута се гледале 4,5 милиони видеа на YouTube, додека во 2021. потрошувачите емитуваат вкупно 694.000 часа во живо. Во 1993 година, во светот имало само 14 милиони корисници на интернет. Денес има над 14 милиони само во Чиле…
Според некои познавачи, бројот на интернет корисници се зголемил за 500 милиони во 2021 година, што е приближно 11 отсто. Ова значи 950 нови корисници во минута.