Honor се подготвува да ја лансира својата следна серија премиум паметни телефони. Компанијата неодамна ја претстави Honor 50 серијата на глобалниот пазар со лансирањето на Honor 50 и Honor 50 Lite. Двата уреди имаат Snapdragon 778G и Snapdragon 662 чипсети. Изгледа дека наследникот на Honor 50 серијата би можел да биде лансиран порано од очекуваното. Се шпекулира дека Honor 60 серијата наскоро ќе биде лансирана во Кина. Според протечените детали, спин-оф брендот на Huawei ќе дебитира во серијата во Кина во декември. Пред претставувањето, можниот смартфон од серијата Honor 60 е наведен на веб-страницата за 3C сертификација, пренесува My Smart price.
Honor допрва треба да го објави датумот на лансирање на Honor 60 серијата. Во меѓувреме, уредот е наведен на веб-страницата за 3C сертификацијасо број на модел GIA-AN00. Листата на 3C открива детали за брзото полнење на претстојниот паметен телефон на Honor. Ќе доаѓа со поддршка за брзо полнење од 66 W. Брзината на полнење е иста како и моментно достапната серија Honor 50.
Се шпекулира дека уредите ќе дебитираат во Кина на 1. декември. Сепак, компанијата сè уште не го потврди датумот на лансирање. Досега протечените детали сугерираат дека стандардниот модел ќе има засек за селфи камера во облик на пилула во горниот лев агол на екранот. На задната страна ќе има четирикратна камера. Се истакнува дека телефонот има батерија од 4500 mAh и Snapdragon 870 SoC под хаубата. Ако е точно, тоа би било надградба во однос на сегашниот Snapdragon 778G SoC модел .
Pro model ќе има punch-hole отвор за предната камера во готниот центар на дисплејот и ќе има пет камера сензори на задната страна.