Оваа година беше една од најтоплите откога се вршат мерења, на крајот од исклучително топлата деценија, соошти Светската метеоролошка организација (SMO).

Претходната деценија беше најтоплата од 19-тиот век, а последните 5 години исто така биле најтопли откога се водат архиви, наведува тело на Обединетите Нации.

Оваа година, температурата е повисока за 1,1 Целзиусов степен во однос на прединдустриското доба, по што 2019 година е на пат да биде втора или трета најтопла година откако се вршат мерења, покажуваат податоците од јануари до октомври.

Од Светската метеоролошка организација предупредуваат дека нивото на морињата расте сè побрзо, ледот се топи и дека некогашните “100-годишни” топлотни бранови и поплави стануваат сè почести.

Милиони луѓе се приморани да ги напуштат своите домови поради екстремните временски појави како циклони, урагани и поплави. Оваа година донесе суша во многу делови од светот и два големи топлотни бранови во Европа, кон крајот на јуни и јули.

“Доколку сега не преземеме итна климатска акција, тогаш ќе се движиме кон зголемување на температурите за повеќе од 3 Целзиусови степени до крајот на векот, со уште поштетното влијание на човековата благосостојба”, изјавил генералниот директор на организацијата, Патери Талас.

Извештајот е објавен во време кога претставниците на државите се состануваат во Мадрид поради новите преговори за климата, во рамки на Обединетите Нации. Учесниците на состанокот се под притисок да усвојат поамбициозен план за намалување на емисијата на штетни гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина и доведуваат до климатски промени.

Извор: Blic.rs