Локалните жители биле целосно изненадени кога виделе редок арктички пингвин во Нов Зеланд.

Пингвинот се нашол на брегот на Нов Зеланд откако поминал пат од најмалку 3.000 километри од неговото природно живеалиште на Арктикот.

Пингвинот Адели, кој жителите на Нов Зеланд сега го нарекуваат Пингу, бил пронајден на брегот и изгледал целосно изгубено.

Хари Синг го нашол додека се шетал со сопругата, а првично мислеле дека е кадифена играчка.

„Мислев дека е само играчка, но пингвинот ја мрдна главата. Сфатив дека е вистинско животно. Стоеше на едно место цел час и изгледаше исцрпено“, рекол Синг.

Тој повикал експерти кои се погрижиле за него и му нашле засолниште за да го заштитат од предатори. Испитувањето покажало дека е дехидриран, исцрпен и послаб отколку што треба.

Ова е трет случај на пристигнување на пингвин Адели во Нов Зеланд, а претходните два биле забележани во 1962-ра и 1993-та година.