Капсулата на компанијата SpaceX со четворица астронаути денеска пристигна на Меѓународната вселенска станица (ISS) каде што астронаутите ќе останат до пролет.
Капсулата патуваше 21 час од Вселенскиот центар на NASA до станицата.
Таа превезе еден германски и тројца американски астронаути кои реагираа емотивно кога првпат ја здогледаа меѓународната станица на далечина од 30 километри. „Тоа е прилично фантастична глетка“, рече Раџа Чари, командант на капсулата „Драгон“.
„Лебди во воздухот и свети како дијамант. Сите сме прилично возбудени“, изјави германскиот астронаут Матијас Мауер.
Целиот лет на капсулата Dragon беше автоматизиран, а Чари и пилотот Том Маршберн ги следеа системите на капсулата подготвени да ја преземат контролата доколку е потребно. Тие слетаа на 423 километри над источниот дел на Карибите.
На вселенската станица ги пречекаа тројца астронаути наместо седум како што беше планирано.
Спејсекс врати четворица астронаути од Меѓународната станица во понеделникот, откако лансирањето на капсулата со новиот тим беше одложувано неколку пати.
Еден астронаут од американската вселенска агенција NASA и двајца руски астронаути останаа во станицата.
Новиот екипаж ќе ги помине следните шест месеци во вселенската станица и во тој период ќе биде домаќин на две групи туристи.