Samsung ја претстави својата next-gen RAM меморија, направена за мобилни уреди. Јужнокорејскиот гигант најави дека ќе се користи во претстојните телефони, но и сервери, автомобили и метаверзумот.
Иако компанијата не споменува во својата најава како новите LPDDR5X RAM чипови ќе им помогнат на луѓето да влезат во дигиталната реалност, тие технологии треба да им овозможат на уредите да работат побрзо и да траат подолго.
Користејќи ги актуелните клучни зборови, како што се метаверзум, AI и 5G технологијата, Samsung ветува вистински подобрувања во брзината и енергетската ефикасност – се наведува дека оваа RAM од следната генерација ќе има 1,3 пати поголема брзина од претходната генерација LPDDR5, чипови ќе се произведуваат со повеќе меморија во истиот простор (до 64 GB по чип) и ќе користи 20 проценти помалку енергија од претходната генерација.
Иако не е потврдено, се очекува меморијата да биде изработена во технологија од 14 nm.
Сè уште не е објавено кога новите LPDDR5X RAM чипови ќе бидат достапни за производителите, вклучувајќи ги и телефоните на Samsung, но AnandTech шпекулира дека тие би можеле да се појават во 2023 година.
Со оглед на тоа дека DDR5 десктоп меморијата полека пристигнува на компјутерите, треба да се има предвид дека големата разлика во перформансите меѓу генерациите веројатно нема веднаш да се види.
Извор: B92.net