Mozilla објави дека Firefox прелистувачот сега е достапен за преземање во Microsoft Store за Windows 11 и Windows 10. Ова му дава на Firefox нов начин за преземање на веб-прелистувачот, што е потенцијално полесен отколку отворање на друг браузер и пронаоѓање на вистинската веб-страница.
Ова е одлична вест и од причина што Firefox беше еден од првите прелистувачи кои ги искористи новите упатства за продавницата на Microsoft. Компанијата со години им дозволуваше на програмерите да објавуваат само браузери кои користат EdgeHTML, истиот механизам што го користеше стариот прелистувач Edge, известува XDA-developers. Ова имаше уште помалку смисла кога Edge се префрли на Chromium мотор, но со новиот Microsoft Store, било кој вид на пребарувач и апликација може да се објави.
Firefox не е првиот познат прелистувач што се појавува во продавницата на Microsoft, бидејќи Opera моментно е достапна таму. Сепак, тој е прв со сопствениот Gecko енџин, додека повеќето други прелистувачи користат Chromium. Тоа го вклучува и сопствениот Edge прелистувач на Microsoft, така што Firefox се претставува како вистинска алтернатива за корисниците кои сакаат работите да се прават малку поинаку.