По цели три години, Forzа Horizon серијалот се враќа со сосема ново продолжение, за кое се вели дека е одлично. Horizon 5 пристигнува „на полиците“ оваа недела, а тимот од Auto Blog веќе имаше шанса да го испроба мексиканскиот асфалт.
Forzа Horizon во секое свое продолжение беше добра, па затоа и не чуди што, велат, „петката“ е најдобра до сега. „Најчесто знаете што добивате: забавно тркачко искуство слично на аркадните игри со интересен отворен свет и мноштво автомобили за избор“. Во последното продолжение формулата не се менува, туку само се подобрува. „Forza Horizon 5 ги адаптирал сите најдобри работи од своите претходници и ги ставил во нов, одличен и многу забавен пакет“.
Откако ќе ја стартувате играта за прв пат, веднаш ќе се најдете во некои туторијал трки со Corvette Stingray, Ford Bronco или Toyota GR Supra. Упатството завршува со епска трка во која вие сте зад воланот на Mercedes AMG-1. По овој вовед, можете да започнете да го истражувате Мексико.
Играта Forza Horizon 5 ќе биде достапна бесплатно со претплата на Microsoft Game Pass.