Шанса да се револуционизира минималистичкиот дизајн
Sema Show 2021 заврши. Производителите и тјунерските куќи, повторно се собраа во Лас Вегас, за да го претстават сето најдобро што го имаат во областа на дизајнот, технологијата и доработката.
Само Ford на своите штандови изложи 40 фасцинантни концепти, а и Honda исто така настапи со импресивна флота. Nissan е уште еден јапонски производител кој привлече големо внимание, додека Mazda отсуствуваше. Сепак, тоа не значи дека овој култен бренд нема со што да се пофали, напротив. Имено, до Американската канцеларија за заштита на патенти е поднесено барање за заштита на патент во врска со прилично фасцинантен систем. Станува збор за интересна иновација, која подразбира замена на физичките контролни единици со виртуелни.
Во основа, она што го замислиле во Mazda е проектор кој може да проектира холографски приказ на површина. Кога корисникот ќе стави прст на виртуелното копче, сензорот во проекторот открива промена во шемата на проектираната слика. Сензорот е способен да ја открие насоката во која прстот ја допира површината. На овој начин, промените на поставките може да се забрзаат. На пример, ако инфозабавниот систем е поставен на „тивко“, држењето на „копчето“ што покажува „горе“ со поголема сила од нормалното му овозможува на системот да препознае дека сакате значително да го засилите звукот. Истото важи и за климата, на пример.
Станува збор за навистина одлична идеја, која би можела да ги извади физичките компоненти од употреба и да го револуционизира минималистичкиот дизајн, но сигурно е дека многу пречки допрва треба да се надминат.
Поврзани артикли