Qualcomm вчера објави страница на својот сајт, која открива дека нивниот настан, Tech Summit, ќе се одржи помеѓу 30 ноември и 2 декември 2021 година. Голем транспарент со чамец кој го следи знакот за бесконечност во вода и со натпис „Повеќе наскоро!
Сепак, гласините за следниот премиум Snapdragon 898 чипсет кружат веќе некое време. Всушност, некои извори тврдат дека првиот телефон што ќе го користи чипсетот ќе биде Xiaomi 12 и ќе биде лансиран до крајот на годината. Со оглед на тоа што „главните презентации“ вообичаено се случуваат на првиот ден од конвенцијата, може со сигурност да се претпостави дека Snapdragon 898 ќе биде детално прикажан на 30. ноември или, доколку тоа не се случи, најдоцна на 2. декември.
Благодарение на големиот број протекувања на информации, вклучувајќи и еден од сосема непознатите уреди што користи Qualcomm SM8450 чипсет, инаку познат како Snapdragon 898, веќе имаме прилично добра идеја за неговите спецификации. Се очекува дека ќе го има првото AMR Cortex-X2 CPU јадро – кое работи на 3,0 GHz, заедно со три средни јадра засновани на Cortex-A710 со такт од 2,5 GHz и конечно четири јадра добиени од Cortex-A510 на 1, 79 GHz.
За графичкиот процесор, според досегашните информации, тоа е Adreno 730, кој помеѓу архитектонските подобрувања во однос на Adreno 660 и процесот на производство на Samsung 4nm може да донесе до 20% подобрување на перформансите. За поврзување очекуваме X65 5G модем, со теоретска максимална брзина од 10 Gbps.