Компанијата Facebook соопшти дека од октомври минатата година до оваа година, биле идентификувани и отстранети повеќе од три милијарди лажни профили, што е двојно повеќе од претходните шест месеци.
Тоа покажува со колкави предизвици се соочуваат експертите во компанијата за да препознаат и угасат профили, кои прават компјутери за да шират спамови и лажни вести.
Наспроти тоа што во компанијата постојано усовршуваат и развиваат алатки за препознавање лажни профили тоа го работат и оние кои ги прават, па е очигледно збор за мртва трка.
Во соопштението на Facebook, се наведува дека 99 отсто од три милијарди лажни профили биле блокирани неколку минути откако биле поставени, пред да ги види некој и да ѝ пријави на компанијата.
Facebook секој месец има околу 2,4 милијарди активни корисници, а во компанијата сметаат дека од прилика секој дваесети активен корисник е лажен.
Во компанијата повеќе илјади луѓе деноноќно следат постови, фотографии и видеа, за да се спречи кршење на законите, а за некои од тие работи се користи и вештачка интелегенција.